РЕДОК МЕДИТЕРАНСКИ УРАГАН ЈА ПОГОДИ ЗАПАДНА ГРЦИЈА И СЕ ДВИЖИ КОН АТИНА

    РЕДОК МЕДИТЕРАНСКИ УРАГАН ЈА ПОГОДИ ЗАПАДНА ГРЦИЈА И СЕ ДВИЖИ КОН АТИНАБурата Јанос донесе силни ветрови и дожд на островот Закинтос (Фото: АНА)

    Редок медитерански ураган денеска ги погоди островите во западна Грција, носејќи пороен дожд и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Бурата Јанос е опишана како „медикан“, односно медитерански ураган и овој феномен првпат се појави во Грција во 1995 година.

    Циклонот се движи кон исток, па се очекува овој викенд ветрови со брзина од 117 километри на час да го погодат Пелопонез, а потоа и Атина и Крит.

    „Дрвјата паѓаат насекаде“, изјави гувернерот на Јонските Острови, Роди Краца.

    Локалните медиуми јавуваат за поплавени улици и прекини во сообраќајот на островите Кефалонија, Закинтос и Итака, каде што некои делови немаат и струја.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира