НЕВООБИЧАЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 4,8 СТЕПЕНИ ГО ПОТРЕСЕ ЊУЈОРК

    НЕВООБИЧАЕН ЗЕМЈОТРЕС ОД 4,8 СТЕПЕНИ ГО ПОТРЕСЕ ЊУЈОРКЊујоршките власти кажаа дека нема пријави за причинета штета или повреди. (Фото: Пекселс)

    Земјотрес го потресе густо населениот Њујорк во петокот наутро, што е редок настан за регионот на источниот брег во САД. Владината геолошка агенција соопшти дека станува збор за земјотрес со јачина од 4,8 степени, со епицентар во близина на Њу Џерси. 

    Земјотресот беше почувствуван и во Бостон и Филаделфија, а следуваа и десетина афтершокови и најсилниот од нив беше со јачина од 4 степени.

    Њујоршките власти кажаа дека нема пријави за причинета штета или повреди. Но, граѓаните беа шокирани од неочекуваниот настан, бидејќи во регионот има многу малку земјотреси. Источниот брег на САД не лежи на граница на тектонски плочи, за разлика од западниот брег.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира