РЕКОРДЕН БРОЈ ОД 533 НОВИНАРИ СЕ УАПСЕНИ ВО 2022, ОБЈАВИ РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ

    РЕКОРДЕН БРОЈ ОД 533 НОВИНАРИ СЕ УАПСЕНИ ВО 2022, ОБЈАВИ РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИВо Мјанмар новнарството е кривично дело, вели РСФ. (Фото: АП)

    Рекорден број на вкупно 533 новинари во моментов се в затвор ширум светот, според годишниот преглед на насилство и злоупотреби врз новинари објавен од Репортери без граници (РСФ). Бројот на убиените повторно се зголеми оваа година – на 57 – додека 65 новинари се држат како заложници, а 49 се водат како исчезнати.

    Бројот на новинари уапсени поради нивната работа е за 13,4% поголем од минатогодишниот. РСФ вели дека никогаш претходно немало толку многу новинарки в затвор. Моментално се затворени вкупно 78, што е рекорден пораст од речиси 30% во споредба со 2021. Жените сега сочинуваат речиси 15% од притворените новинари, во споредба со помалку од 7% пред пет години.

    Кина, каде што цензурата и надзорот достигнаа екстремни нивоа, продолжува да биде најголемиот затвор за новинари во светот, со вкупно 110 во моментов. Исламската Република Иран, има 47 затвореници, само еден месец по почетокот на масовните протести. Во врвот на листата новинари затвореници се Мјанмар (62), Виетнам (39) и Белорусија (31).

    „Диктаторските и авторитарни режими ги полнат своите затвори побрзо од кога било со затворање новинари. Овој нов рекорд во бројот на затворени новинари ја потврдува итната потреба да се спротивставиме на овие бескрупулозни влади и да ја прошириме нашата активна солидарност на сите оние кои го отелотворуваат идеалот за новинарска слобода, независност и плурализам“, вели Кристоф Делоар, генерален секретар на РСФ.

    Порасна и бројот на убиени новинари. Вкупно 57 платија со својот живот за нивната посветеност да известуваат за вестите во 2022 година – зголемување од 18,8% во споредба со 2021 година, по двегодишен период на релативно смиреност и историски ниски бројки. Војната што избувна во Украина на 24 февруари 2022 е една од причините за овој пораст. Во првите шест месеци од војната загинаа осум новинари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира