РЕКОРДНИ 838 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ЕДЕН ДЕН ВО ШПАНИЈА, ИЗЛЕКУВАНИ УШТЕ 2.500 ЛУЃЕ

    РЕКОРДНИ 838 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ВО ЕДЕН ДЕН ВО ШПАНИЈА, ИЗЛЕКУВАНИ УШТЕ 2.500 ЛУЃЕВо Шпанија се регистрирани и нови 6.549 случаи на зараза (Фото: АП)

    Шпанија имаше уште еден тежок ден откако во последните 24 часа починале 838 луѓе од КОВИД-19. Тоа е за шест повеќе од вчера и претставува нов црн рекорд за земјата.

    Коронавирусот досега однесе 6.528 животи во Шпанија.

    Регистрирани се и нови 6.549 случаи на зараза, со што вкупната бројка порасна на 78.797. Министерството за здравство објави дека досега има и 14.709 излекувани, од кои речиси 2.500 се нови.

    Со новата мерка која беше донесена вчера, сите работници од несуштински активности мора да останат дома.

    „Го достигнуваме врвот на ширењето што многу нѐ загрижува. Во некои делови од земјата тоа би можело да биде во преголем обем“, изјави шефот на Центарот за координација на итни служби Фернандо Симон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира