Шпанија го бележи најтешкиот ден во борбата со коронавирусот откако во последните 24 часа починале 849 луѓе и биле регистрирани 9.222 новозаразени, што претставува нов рекорд за земјата.
Во Шпанија четири дена по ред има повеќе од 800 починати од КОВИД-19, а досегашниот максимум беше 838 во неделата. Коронавирусот досега однесе 8.189 животи во Шпанија.
За само еден ден бројката заразени се зголеми за повеќе од 9.000, што е пораст од 11%, откако во изминатите пет дена имаше стабилизирање на ситуацијата.
Од досега заразените 94.417, излекувани се повеќе од 19.000.