РЕПУБЛИКА СРПСКА ЈА ТРЕСЕ АФЕРА ДЕКА ПАЦИЕНТИТЕ ПРИМАЛЕ ИНДУСТРИСКИ, А НЕ МЕДИЦИНСКИ КИСЛОРОД

    РЕПУБЛИКА СРПСКА ЈА ТРЕСЕ АФЕРА ДЕКА ПАЦИЕНТИТЕ ПРИМАЛЕ ИНДУСТРИСКИ, А НЕ МЕДИЦИНСКИ КИСЛОРОДИ документацијата потврдувала дека станува збор за индустриски кислород (Фото: ЕПА)

    Властите на Република Српска тврдат дека кислородот што се дава во Универзитетско-клиничкиот центар (УКЦ) во Бања Лука е исправен, додека опозицијата побара да се испитаат наводите на пациенти дека примале индустриски, а не медицински кислород.

    Аферата „Кислород“ ја тресе Република Српска само неколку дена по апсењето на директорот на Институтот за јавно здравство, обвинет за малверзации при купување медицинска опрема. Фирмата „ТГТ Техногас“, која го увезува кислородот, тврди дека е чист медицински, додека владата на РС кажа дека ќе обезбеди лабораторија која независно ќе потврди каков кислород се користел во УКЦ.

    Според опозициската Партија на демократски прогрес, и документацијата потврдува дека станува збор за индустриски кислород, кој е со послаб квалитет. Градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, поднесе кривични пријави против неколку лица поврзани со аферата, вклучувајќи ги премиерот на РС, Радован Вишковиќ и директорот на УКЦ.

    Фирмата „ТГТ Техногас“ е во сопственост на бившиот министер за внатрешни работи на РС, Станислав Чаѓо. И додека владата и фирмите кои ја вршат дистрибуцијата тврдат дека кислородот е здравствено исправен и истиот се користи и во ЕУ, медиумите објавија дека во болницата во Требиње се користел индустриски кислород, што утврдила инспекција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира