РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО ОБЕЗБЕДИЈА МНОЗИНСТВОТО ВО ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМ

    РЕПУБЛИКАНЦИТЕ ГО ОБЕЗБЕДИЈА МНОЗИНСТВОТО ВО ПРЕТСТАВНИЧКИОТ ДОМКевин Мекарти е номинираа да ја замени Ненси Пелоси на спикерската позиција во Претставничкиот дом (Фото: АП)

    Републиканската партија обезбеди 218 места потребни за да има мнозинство во Претставничкиот дом, повеќе од една недела од завршувањето на изборите за Конгресот. Иако разликата е тесна, тоа ќе биде доволно да се попречува агендата на Џо Бајден во следните две години.

    Но, Демократите и натаму ќе ја имаат контролата во Сенатот кога ќе се формира нов Конгрес во јануари. Охрабрени од нискиот рејтинг на Бајден, Републиканците се надеваа дека ќе ја преземат контролата во двата дома, но не ги постигнаа очекуваните резултати.

    Според проекциите на Си-Би-Ес, Републиканците ќе имаат меѓу 218 и 223 места во Претставничкиот дом откако ќе заврши броењето на сите гласови. Во некои окрузи трката и натаму е отворена.

    Американците се подготвени за нова насока и републиканскиот Претставнички дом е подготвен да го оствари тоа“, изјави Кевин Мекарти, кого Републиканците го номинираа да ја замени Ненси Пелоси на спикерската позиција.

    За да биде избран, тој мора да добие мнозинска поддршка од 435 членови на Домот, но 82-годишната Пелоси најави дека нема да се предаде така лесно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира