РИМ НАРЕДИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКА И НА ОТВОРЕНО

    РИМ НАРЕДИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕЊЕ МАСКА И НА ОТВОРЕНОИталија вчера регистрираше повеќе од 2.000 нови случаи на зараза за првпат од крајот на април (Фото: Ројтерс)

    Рим и регионот Лацио воведоа задолжително носење маска и на отворено, во обид на локалните власти да го сопрат ширењето на коронавирусот.

    Италија вчера регистрираше повеќе од 2.000 нови случаи на зараза за првпат од крајот на април, кога земјата излегуваше од големата здравствена криза. И во некои други региони во Италија веќе е задолжително да се носи маска на отворено. Досега тоа беше задолжително само во затворени јавни простори, како продавници и киносали.

    „Повеќето од новите случаи на коронавирус се поврзани со тоа што луѓето не носат маска или не држат растојание“, изјави шефот на здравството на Лацио, Алесио д‘Амато.

    Италија беше првата земја која воведе карантин и строги рестриктивни мерки во Европа и со речиси 36.000 мртви ја има втората најголема смртност од ковид-19, после Велика Британија. Премиерот Џузепе Конте ја отфрли можноста од повторно воведување национален карантин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира