РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕТЕТО КОЕ ИЗВРШИ МАСАКР ВО ОСНОВНО ШКОЛО ВО БЕЛГРАД ПРОГЛАСЕНИ ЗА ВИНОВНИ, ТАТКОТО ДОБИ 14,5, А МАЈКАТА ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОР

    РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕТЕТО КОЕ ИЗВРШИ МАСАКР ВО ОСНОВНО ШКОЛО ВО БЕЛГРАД ПРОГЛАСЕНИ ЗА ВИНОВНИ, ТАТКОТО ДОБИ 14,5, А МАЈКАТА ТРИ ГОДИНИ ЗАТВОРКоста Кецмановиќ уби деветмина ученици и еден чувар на 3 мај 2023 (Фото: Нова.рс)

    Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на 14-годишниот Коста Кецмановиќ кој лани изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, се прогласени за виновни на крајот на судењето во Белград. Владимир Кецмановиќ доби казна од 14 години и шест месеци затвор, додека неговата сопруга е осудена на три години затвор.

    Затворска казна од една година и три месеци доби Немања Маринковиќ, инструкторот во стрелиштето каде што Коста учел да пука.

    Владимир Кецмановиќ е прогласен за виновен за предизвикување општа опасност затоа што непрописно чувал оружје и муниција, со што му овозможил на својот син да изврши масовно убиство.

    Миљана е осудена за незаконско држење на оружје и експлозивни направи откако на еден од куршумите собрани во училиштето била пронајдена нејзина ДНК. Двајцата се прогласени за виновни и за кривичното дело злоставување и занемарување на малолетно дете.

    Во обвинителниот акт стои дека родителите ја занемариле психичката и емоционална состојба на нивното дете и не реагирале на чувствата што ги развило откако било отфрлено и неприфатено во своето одделение.

    Во нападот што го шокираше целиот регион, тогаш 13-годишниот Коста Кецмановиќ уби деветмина ученици и еден чувар на 3 мај 2023, по што ѝ се предаде на полицијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира