РОКЕНРОЛ ЛЕГЕНДАТА ЧАК БЕРИ НАПОЛНИ 90 ГОДИНИ И СНИМИ НОВ АЛБУМ

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"САД,(Гардијан)

    РОКЕНРОЛ ЛЕГЕНДАТА ЧАК БЕРИ НАПОЛНИ 90 ГОДИНИ И СНИМИ НОВ АЛБУМ

    Рокенрол легендата Чак Бери, кој вчера наполни 90 години, објави дека ќе издаде нов албум, прв по 38 години.  Албумот насловен „Чак“ следи по „Рокни го“ што излезе во 1979, и е доказ дека албум-изненадување не е само привилегија на млади уметници.

    Деталите за албумот се скудни, но во изјавате се вели дека ќе содржи главно нов материјал што Бери го напишал и продуцирал, а снимен е во неговиот роден град Сент Луис.

    Бери го посвети албумот на сопругата Телмета со која се заедно 58 години, навестувајќи дека ќе биде последен.

    „Овој албум е посветен на мојата сакана Тоди. Душо моја, остарев. На овој албум работев долго време. Сега може да ги закачам чевлите!“, напиша Бери.

    На албумот свират и неговите деца Чарлс Бери Јуниор и Ингрид, на гитара и хармоника. Албумот ќе излезе вгодина.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари