Три бугарски бродови со 10 морнари се задржани од романските власти поради илегален лов на ајкули во романски води во Црното море. Бродовите и морнарите се донесени во военото пристаниште во Констанца и испрашани од властите.
Романските власти велат дека во моментов има едномесечна забрана за лов на ајкули во романските води, а во бугарските бродови биле најдени уловени ајкули. Бродовите се од Бургас, Варна и Каварна.
Бугарското МНР кажа дека морнарите се во добра состојба, но не им е дозволено да ги напуштат бродовите.