РУСИЈА ПЛАНИРА ГОЛЕМА ОФАНЗИВА ПРОТИВ УКРАИНА СО 175 ИЛЈАДИ ВОЈНИЦИ, ПРЕДУПРЕДУВААТ АМЕРИКАНСКИ РАЗУЗНАВАЧИ

    РУСИЈА ПЛАНИРА ГОЛЕМА ОФАНЗИВА ПРОТИВ УКРАИНА СО 175 ИЛЈАДИ ВОЈНИЦИ, ПРЕДУПРЕДУВААТ АМЕРИКАНСКИ РАЗУЗНАВАЧИУкраинските проценки се дека Русија има распоредено 94 илјади војници близу границата. - Од вежба на руската армија (Фото: Руско министерство за одбрана)

    Русија планира офанзива против Украина на неколку фронта на почетокот на следната година со 175 илјади војници, тврдат американски функционери и разузнавачки документ до кој дојде „Вашингтон пост“.

    Русија разместува трупи кон границата со Украина додека бара гаранции од САД дека Украина нема да му се приклучи на НАТО и дека алијансата ќе се воздржи од одредени воени активности во околу Украина. Кризата предизвика стравови од нова војна во Европа и доаѓа во пресрет на планираниот виртуелен состанок на претседателите Џо Бајден и Владимир Путин следната недела.

    „Руските планови предвидуваат воена офанзива против Украина уште на почетокот на 2022 година со сили двојно поголеми од она што го видовме минатата пролет за време на вежбата на руската армија близу границата со Украина. Плановите вклучуваат движење на 100 баталјони со 175 илјади војници, тенкови, артилерија и друга опрема“, изјави неименуван американски функционер за „Вашингтон пост“.

    Документот до кој дојде весникот, кој вклучува сателитски снимки, покажува дека руски трупи се собираат на четири локации. Во моментов, распоредени се 50 баталјони, заедно со новопристигнати тенкови и артилерија, според документот.

    Украинските проценки се дека Русија има распоредено 94 илјади војници близу границата, САД засега проценува 70 илјади војници, но предвидува распоредување на уште над 100 илјади војници и се опишува екстензивно движење кон и од границата за да се затскријат намерите и да се предизвика несигурност.

    Американскиот претседател Џо Бајден кажа дека подготвува мерки кои ќе го дигнат влогот за нова инвазија на Путин, кој, пак, ги отфрли ваквите американски предупредувања и кажа дека Русија не се заканува никому.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира