РУСИЈА БАРА КАЗНИ И ОДГОВОРНОСТ ПО УКРАИНСКИОТ НАПАД ВО ДОЊЕЦК, ВО КОЈ ЗАГИНАЛЕ НАД 60 РУСКИ ВОЈНИЦИ

    РУСИЈА БАРА КАЗНИ И ОДГОВОРНОСТ ПО УКРАИНСКИОТ НАПАД ВО ДОЊЕЦК, ВО КОЈ ЗАГИНАЛЕ НАД 60 РУСКИ ВОЈНИЦИРуските воени блогери велат дека муницијата и касарната биле сместени во истата зграда (Фото: АП)

    Руски националисти и пратеници бараат казни за воени заповедници откако во украински ракетен напад на градот Макивка во окупираниот дел на Доњецк загинале десетици руски војници.

    Украина кажа дека во нападот имало стотици жртви, додека проруските власти во Доњецк рекоа дека тоа е претерано. Во ретко признание за жртви од почетокот на војната, руското министерство за одбрана потврди дека 63 војници загинале откако жестока експлозија уништила привремена касарна во Макивка во новогодишната ноќ.

    Руските критичари обвинуваат дека војниците биле сместени покрај складиште со муниција, кое, според Москва, било погодено со четири ракети од американскиот систем ХИМАРС.

    Руските воени блогери велат дека обемот на уништувањето се должи на тоа што муницијата била складирана во истата зграда во која била сместена и касарната, иако заповедниците знаеле дека таа е во дострелот на украинските ракети.

    Стотици војници се загинати или повредени. Муницијата била складирана на истото место, а воената опрема не била камуфлирана“, кажа Игор Гиркин, поранешен заповедник на проруските сили во Доњецк, а денес еден од најпознатите руски воени блогери.

    Генералштабот на украинската војска го потврди нападот, без да го каже бројот на жртвите, но додаде дека била уништена опрема за десет воени единици. Непотврдени снимки од местото на нападот покажуваат огромна зграда срамнета со земја.

    Мора да има кривична одговорност за официјални лица кои дозволиле концентрација на толку многу воен персонал во незаштитена зграда“, изјави рускиот пратеник Сергеј Миронов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира