РУСИЈА БИ МОЖЕЛА ДА УПОТРЕБИ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ АКО СЕ НАЈДЕ ПОД ЗАКАНА, ВЕЛИ КРЕМЉ

    РУСИЈА БИ МОЖЕЛА ДА УПОТРЕБИ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ АКО СЕ НАЈДЕ ПОД ЗАКАНА, ВЕЛИ КРЕМЉМосква призна дека Путин досега не ги остварил своите цели во Украина (Фото: АП)

    Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, во интервјуто за Си-Ен-Ен призна дека Русија досега не ги остварила своите воени цели во Украина и одби да негира дека би можела да употреби нуклеарно оружје. Запрашан под кои услови Владимир Путин би го употребил нуклеарниот потенцијал на Русија, Песков одговори:

    „Во случај да постои егзистенцијална закана за нашата земја“.

    Минатиот месец Путин навести дека би употребил нуклеарно оружје против земја која ја смета за закана за Русија.

    Песков исто така призна дека Путин сè уште не ги остварил поставените цели во Украина, но тврди дека „специјалната воена операција“ се одвива според план.

    „Главните цели на операцијата се елиминирање на воениот потенцијал на Украина и на националистичките баталјони, признавањето на Крим, Доњецк и Луганск за дел од Русија и обезбедување неутрален статус на Украина“, кажа Песков, тврдејќи дека Русија напаѓа исклучиво воени цели.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира