Командантот на американската војска во Европа, генералот Куртис Скапароти, вели дека е загрижен околу потенцијални нови немири на Балканот, каде што има знаци дека Русија го засилува влијанието откако САД го изгуби фокусот на регионот.
„Регионот за кој што сум загрижен денеска е всушност Балканот. Русија работи на Балканот, а ние на некој начин веќе не внимаваме на регионот‘, кажа генералот.
Скапароти, кој сведочеше пред Комитетот за вооружените сили во Сенатот, рече дека Русија се обидува да поттикне немири ширум Балканот преку кампања за дезинформирање на локалното население.
„Ова е област во која што можеме да имаме проблеми во иднина“, рече Скапароти.