РУСИЈА ДОСЕГА ИСПУКАЛА 4.500 РАКЕТИ НА УКРАИНА И ИЗВЕЛА НАД 8.000 ВОЗДУШНИ НАПАДИ, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ

    РУСИЈА ДОСЕГА ИСПУКАЛА 4.500 РАКЕТИ НА УКРАИНА И ИЗВЕЛА НАД 8.000 ВОЗДУШНИ НАПАДИ, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИЗеленски го сними последното обраќање покрај остатоци од урнат ирански дрон (Фото: Гети)

    Русија лансираше повеќе од 8.000 воздушни напади и испука 4.500 проектили на Украина од почетокот на инвазијата пред осум месеци, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Стоејќи покрај остатоци од урнат ирански дрон „шахед“, Зеленски кажа дека руските напади врз електраните нема да го скршат духот на Украинците.

    Тој додаде дека Русија само во изминатите два дена извела повеќе од 30 напади со дронови.

    „Бомбардирањето нема да нè скрши. Не се плашиме од темница“, кажа Зеленски.

    Западните земји велат дека Иран ја снабдил Русија со голем број дронови, што Москва и Техеран го демантираат. Украина тврди дека Русија веќе искористила околу 400 дронови од нарачаните 2.000.

    „Агресивното руско користење на дронови е застрашувачко. Со нив убиваат цивили и ја уништуваат клучната инфраструктура од која Украинците добиваат струја, вода и греење“, изјави државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.

    Киев тврди дека во некои напади на цивилната инфраструктура биле користени иранските дронови „шахед-136“, познати како камиказе дронови. Израел, кој досега беше доста резервиран околу војната во Украина, исто така го нападна Иран поради наводниот извоз на дронови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира