РУСИЈА Е СПРЕМНА ДА Ѝ ПРЕДАДЕ НА УКРАИНА НАЦРТ-ДОКУМЕНТ СО УСЛОВИТЕ ЗА МИРОВЕН ДОГОВОР, КАЖА ЛАВРОВ

    РУСИЈА Е СПРЕМНА ДА Ѝ ПРЕДАДЕ НА УКРАИНА НАЦРТ-ДОКУМЕНТ СО УСЛОВИТЕ ЗА МИРОВЕН ДОГОВОР, КАЖА ЛАВРОВЛавров кажа дека нацрт-документот е во фаза на довршување (Фото: ТАСС)

    Русија е спремна да ѝ предаде на Украина нацрт-документ во кој се истакнуваат условите за долгорочен мировен договор, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој додаде дека Русија е посветена на изнаоѓање мирно решение на повеќе од тригодишната војна.

    Русија и Украина вчера разменија по 390 воени заробници и кажаа дека ќе ослободат уште во следните денови.

    Ние остануваме посветени на мировно решение. Секогаш сме отворени за разговори и работиме активно на нацрт-документ кој ги утврдува условите за постигнување сигурен, долгорочен договор за решавање на конфликтот. Штом ќе заврши размената на воени заробеници, ќе бидеме подготвени да ѝ предадеме на Украина таков нацрт-документ, што Русија сега го комплетира“, изјави Лавров.

    Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека Киев ги чека руските предлози за формата на разговори, прекин на огнот и средба помеѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин.

    Веруваме дека овие разговори би можеле да се одржат во проширен формат и во нив да учествува и Доналд Трамп“, рече Сибиха.

    Лавров ја обвини Украина дека извела серија напади со дронови врз Русија во изминатите денови, што предизвикало жртви и прекини во авиосообраќајот. Притоа додаде дека Европската Унија охрабрува такви напади за да се поткопаат мировните напори предводени од Доналд Трамп.

    Русија, пак, утрово го нападна Киев со дронови и проектили, предизвикувајќи пожари низ градот, кажа градоначалникот Витали Кличко. Притоа биле повредени најмалку осум луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира