РУСИЈА ГИ ОСУДИ НА ПОВЕЌЕГОДИШНИ ЗАТВОРСКИ КАЗНИ АДВОКАТИТЕ НА НАВАЛНИ ЗАТОА ШТО ГИ ПРЕНЕСУВАЛЕ НЕГОВИТЕ ПОРАКИ ОД ЗАТВОР

    РУСИЈА ГИ ОСУДИ НА ПОВЕЌЕГОДИШНИ ЗАТВОРСКИ КАЗНИ АДВОКАТИТЕ НА НАВАЛНИ ЗАТОА ШТО ГИ ПРЕНЕСУВАЛЕ НЕГОВИТЕ ПОРАКИ ОД ЗАТВОРПренесувањето писма и пораки преку адвокати е редовна пракса во руските затвори. - Тројцата осудени адвокати (Фото: Јулија Морозова)

    Русија осуди на неколку години затвор тројца адвокати кои го застапуваа Алексеј Навални, поради тоа што изнесувале пораки од починатиот опозиционер од затвор во јавноста. Случајот предизвика загриженост кај групите за човекови права во Русија дека власта ќе ги става в затвор и адвокатите заедно со нивните клиенти.

    Вадим Кобзев, Алексеј Липстер и Игор Сергунин беа осудени за учество во терористичка организација од судот во Петушки.

    Кобзев, најпознатиот адвокат во правниот тим на Навални, беше осуден на пет и пол години затвор, Липстер доби пет години и Сергунин три години. Тројцата адвокати беа единствените луѓе кои го посетуваа Навални додека беше на отслужување на 19-годишната затворска казна.

    Навални, главниот политички опонент на Путин, комуницираше со јавноста со пораки пренесени од адвокатите, кои неговиот тим ги објавуваше на социјалните мрежи.

    Пренесувањето писма и пораки преку адвокати е редовна пракса во руските затвори.

    Сопругата на Навални, Јулија Навална, кажа дека адвокатите се „политички затвореници и треба да бидат ослободени веднаш“.

    Во соопштение на судот се вели дека тројцата го „искористиле својот статус како адвокати додека го посетувале осуденикот Навални да обезбедат редовен трансфер на информации меѓу членови на екстремистичката заедница“

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира