РУСИЈА ГИ РЕШИ СИТЕ НЕСОГЛАСУВАЊА ОКОЛУ УКРАИНА СО САД, ВЕЛИ ЛАВРОВ

    РУСИЈА ГИ РЕШИ СИТЕ НЕСОГЛАСУВАЊА ОКОЛУ УКРАИНА СО САД, ВЕЛИ ЛАВРОВЛавров вели дека и Русија треба да добие безбедносни гаранции со мировен план за Украина (Фото: Кремљ)

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека ги решиле сите несогласувања околу Украина со САД, по средбата на Владимир Путин со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф во Москва. Кремљ го пофали состанокот од 2 декември како конструктивен, иако не беше постигнат напредок околу завршување на војната во Украина.

    „На средбата беше потврдено заемното разбирање постигнато помеѓу Владимир Путин и Доналд Трамп на нивниот самит на Алјаска. Лично верувам дека се решени недоразбирањата во нашите разговори за Украина“, рече Лавров.

    Тој додаде дека Русија сака со пакет документи да се поткрепи долгорочен и одржлив мировен договор за Украина, со безбедносни гаранции за сите вклучени страни.

    „Им пренесовме на нашите американски колеги дополнителни предлози во врска со колективните безбедносни гаранции. Кога разговараме за безбедносни гаранции, не можеме да се ограничиме само на Украина“, кажа Лавров.

    Тој повтори дека Русија нема да прифати членство на Украина во НАТО и дека сака заштита на руските говорници во Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира