Русија го нападна киевскиот регион со балистички проектили, при што загинаа најмалку 15 луѓе, а повеќе од 50 се ранети. Нападот почнал после полноќ и тревогата за воздушна опасност била во сила повеќе од еден час, за време на што бранови на балистички проектили ги погодувале Киев и перфиферијата.
Шефот на воената управа на Киев, Тимур Ткаченко, изјави дека девет луѓе загинале во округот Бориспил, а четири во Буча. Руското министерство за одбрана соопшти дека биле гаѓани центри за логистика и снабдување.
„Овие центри беа вклучени во складирање и испорака на разни оружја и воени материјали, како и во производство и дистрибуција на беспилотни летала“, кажа министерството.
Градоначалникот на Киев, Витали Кличко, изјави дека се стравува дека би можело да има и заробени луѓе под урнатините, додавајќи дека четворица од ранетите се во критична состојба.



