РУСИЈА ГО ПОТВРДИ НАПАДОТ НА КРЕМЕНЧУК, НО ВЕЛИ ДЕКА УНИШТИЛА ЗАПАДНО ОРУЖЈЕ И МУНИЦИЈА

    РУСИЈА ГО ПОТВРДИ НАПАДОТ НА КРЕМЕНЧУК, НО ВЕЛИ ДЕКА УНИШТИЛА ЗАПАДНО ОРУЖЈЕ И МУНИЦИЈАНајмалку 18 луѓе загинаа во вчерашниот напад, а 36 се исчезнати (Фото: АП)

    Руското министерство за одбрана тврди дека пожарот во трговскиот центар во Кременчук бил предизвикан од детонацијата на складирана муниција за западно оружје. Москва не понуди никаков доказ за своето тврдење.

    Вооружените сили на Руската Федерација продолжуваат да гаѓаат воени цели низ Украина. На 27 јуни во градот Кременчук, руските воздушни сили изведоа ракетен напад на хангари со оружје и муниција добиени од САД и европски земји. Како резултат на прецизните удари беа погодени оружје и муниција од западно производство наменети за украинските трупи во Донбас. Детонацијата на складираната муниција предизвика пожар во нефункционален трговски центар лоциран веднаш до фабриката“, соопшти руското министерство за одбрана.

    Најмалку 36 луѓе и натаму се водат како исчезнати по вчерашниот напад, а досега е потврдено дека загинале 18 лица.

    Украинската војска вчера кажа дека трговскиот центар бил погоден со два крстосувачки проектила со долг дострел, испукани од бомбардери „Ту-22М3“ од небото над западниот руски регион Курск.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира