РУСИЈА ГРАНАТИРАЛА 118 НАСЕЛЕНИ МЕСТА ВО УКРАИНА ЗА 24 ЧАСА, НАЈМНОГУ ОВАА ГОДИНА

    РУСИЈА ГРАНАТИРАЛА 118 НАСЕЛЕНИ МЕСТА ВО УКРАИНА ЗА 24 ЧАСА, НАЈМНОГУ ОВАА ГОДИНАРусија со недели ги фокусира своите воени активности кон Авдивка (Фото: Гети)

    Русија гранатирала 118 населени места во Украина за 24 часа, што е најобемниот напад оваа година, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко. Тој кажа дека десет од 27-те региони биле изложени на напади, при што има загинати и ранети.

    Најголем дел од нападнатите места се наоѓаат близу фронтот на истокот и југот на земјата.

    Русија со недели ги фокусира своите воени активности кон Авдивка, веќе целосно разурнат град во источниот регион Доњецк.

    Авдивка е збришана, срамнета. Во изминатите 24 часа имаше над 40 големи артилериски напади во оваа област“, изјави локалниот лидер Витали Барабаш.

    Киев вели дека Русија подготвува трет бран на офанзивата, доведувајќи нови засилувања во областа, со надеж дека ќе го окружи и освои градот.

    Русија ги засили и нападите во правецот на Купјанск во регионот Харкив и се обидува да го запре напредувањето на украинските сили кај Бахмут.

    Иако украинската противофанзива не ги донесе очекуваните резултати, Џо Бајден се обидува да го убеди Конгресот да одобри нова воена помош од 106 милијарди долари, која се однесува и на Израел.

    Можам да гарантирам дека без нашата поддршка Владимир Путин ќе биде успешен“, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира