РУСИЈА И ФОРМАЛНО БИ МОЖЕЛА ДА Ѝ ОБЈАВИ ВОЈНА НА УКРАИНА НА 9 МАЈ, ВЕЛАТ ЗАПАДНИ ФУНКЦИОНЕРИ

    РУСИЈА И ФОРМАЛНО БИ МОЖЕЛА ДА Ѝ ОБЈАВИ ВОЈНА НА УКРАИНА НА 9 МАЈ, ВЕЛАТ ЗАПАДНИ ФУНКЦИОНЕРИПутин инсистира дека конфликтот во Украина е специјална воена операција (Фото: Гети)

    Владимир Путин би можел и формално да ѝ објави војна на Украина на 9 мај, што ќе овозможи полна мобилизација на резервниот состав на руската војска, сметаат американски и западни функционери. Путин инсистира дека конфликтот во Украина е специјална воена операција, забранувајќи ги термините војна и инвазија.

    Русија го одбележува 9 мај како Ден на победата над фашизмот и западот верува дека Путин ќе го искористи моментот за пропагандни цели, при што би можел да објави значајни воени постигнувања во Украина или ескалација на судирот.

    „Имаме добри причини да веруваме дека Русите ќе сторат сè за да го искористат 9 мај за пропагандни цели. Ќе биде голема иронија ако Москва објави војна на Денот на победата“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.

    Путин досега ја оправдуваше војната со денацификација и демилитаризација на Украина, а формалното објавување војна би можело да ја зголеми поддршката за инвазијата во руската јавност. Согласно руските закони, тоа ќе му овозможи на Путин мобилизација на воените резервисти и регрути, што, според аналитичарите, очајнички му требаат поради загубите на фронтот. Се проценува дека најмалку 10.000 руски војници загинале во Украина.

    По серија воени и логистички неуспеси во првите недели од инвазијата, Русија ги концентрираше своите напори во регионот Донбас.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира