Украина и Русија ја завршија втората рунда мировни преговори, при што се согласија да се креираат хуманитарни коридори за извлекување на цивилите од градовите. Разговорите се одржаа на полско-белоруската граница.
Советникот на претседателот Зеленски, Михајло Подољак, кажа дека преговорите не ги дале резултатите на кои Киев се надеваше.
„Постигнавме договор само за хуманитарните коридори“, кажа Подољак.
Украинската страна претходно кажа дека бара и прекин на огнот и примирје.
„Стана збор за воведување привремено примирје само таму каде што треба да се евакуираат цивили и толку“, додаде Подољак.
Руските преговарачи кажаа дека нова рунда разговори би требала да се одржи наскоро.