РУСИЈА И УКРАИНА ПРОДОЛЖИЈА ДА СЕ НАПАЃААТ СО ДРОНОВИ ОТКАКО ПУТИН ОТФРЛИ ЦЕЛОСНО ПРИМИРЈЕ

    РУСИЈА И УКРАИНА ПРОДОЛЖИЈА ДА СЕ НАПАЃААТ СО ДРОНОВИ ОТКАКО ПУТИН ОТФРЛИ ЦЕЛОСНО ПРИМИРЈЕВо ноќешните руски напади биле погодени болници во регионот Суми (Фото: Телеграм)

    Русија и Украина лансираа воздушни напади што оштетија цивилна инфраструктура во двете земји неколку часа откако Владимир Путин кажа дека руската војска ќе прекине со нападите врз украинскиот енергетски систем на 30 дена. Володимир Зеленски изјави дека во руските напади биле погодени и болници.

    Тој кажа дека Путин всушност одбил сеопфатно примирје во вчерашниот разговор со Доналд Трамп. Путин му рекол на американскиот претседател дека целосно примирје би функционирало само доколку Украина престане да добива странска воена помош и разузнавачки информации, што претходно беше отфрлено од европските сојузници на Киев.

    Официјални лица кажаа дека украински дрон предизвикал пожар во складиште со нафта во јужниот руски регион Краснодар. Зеленски изјави дека Русија лансирала повеќе од 40 дронови кон Украина само неколку часа по телефонскиот разговор Путин-Трамп.

    Во ваквите ноќни напади Русија ги уништува нашиот енергетски сектор, нашата инфраструктура и нормалниот живот на Украинците. Путин ефективно го отфрли предлогот за целосно примирје“, рече Зеленски.

    Во исто време, руското министерство за одбрана соопшти дека ноќеска биле пресретнати и уништени 57 украински дронови, од кои 35 над Курск.

    Трамп претходно објави на својата социјална мрежа дека неговиот разговор со рускиот лидер бил „многу добар и продуктивен“ и дека „се разговарало за многу елементи од договорот за мир“.

    Договоривме итен прекин на огнот за енергетскиот систем и инфраструктурата, со разбирање дека ќе работиме брзо за да имаме целосно примирје и на крајот, крај на оваа многу ужасна војна помеѓу Русија и Украина“, рече Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира