РУСИЈА И УКРАИНА ЗБОРУВААТ ЗА СТОТИЦИ МРТВИ ВО БАХМУТ ДОДЕКА МАЛА РЕКА ВО ГРАДОТ СТАНА НОВА ЛИНИЈА НА ФРОНТОТ

    РУСИЈА И УКРАИНА ЗБОРУВААТ ЗА СТОТИЦИ МРТВИ ВО БАХМУТ ДОДЕКА МАЛА РЕКА ВО ГРАДОТ СТАНА НОВА ЛИНИЈА НА ФРОНТОТ

    Украинските сили се соочуваат со немилосрдните руски напади на Бахмут, при што двете страни зборуваат со големи непријателски загуби, додека малата река Бахмутка која тече низ градот сега е новата линија на фронтот.

    „Ситуацијата во речиси напуштениот град е тешка, но нашите сили ги одбиваат сите руски обиди да го освојат. ‘Вагнер‘ ги напаѓа нашите трупи од повеќе насоки, но трпи големи загуби“, изјави заповедникот на украинските копнени сили Олександр Сирски.

    Украинските сили го контролираат западниот дел на градот, додека руската платеничка група „Вагнер“ држи најголем дел од источната страна. И шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, признава дека ситуацијата е многу тешка.

    „Колку сме поблиску до центарот на градот, толку борбите се потешки. Украинците уфрлуваат бескрајни резерви. Но, ние напредуваме и ќе продолжиме“, кажа Пригожин.

    Тој додаде дека руската војска ги помогнала неговите борци со муниција и дека „Вагнер“ ќе почне да ги обновува своите редови по освојувањето на Бахмут, заради што се отворени регрутни центри во 42 града.

    Украинскиот претседател Зеленски изјави дека од 6 март загинале повеќе од 1.100 руски војници во областа на Бахмут, а уште 1.500 се тешко повредени и онеспособени за борба. Руското министерство за одбрана соопшти дека загинале над 220 украински војници во изминатите 24 часа.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира