РУСИЈА ИМ ПОНУДИ ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА НА АФРИКАНСКИТЕ ДРЖАВИ, КОИ ГИ ПРЕКИНУВААТ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДНИТЕ СОЈУЗНИЦИ

    РУСИЈА ИМ ПОНУДИ ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА НА АФРИКАНСКИТЕ ДРЖАВИ, КОИ ГИ ПРЕКИНУВААТ ВРСКИТЕ СО ЗАПАДНИТЕ СОЈУЗНИЦИНа самитот во Сочи беше кажано дека Русија е посоодветен меѓународен партнер од бившата колонијална сила Франција (Фото: АФП)

    Владимир Путин понудил целосна поддршка за Африка, вклучувајќи ја борбата против тероризмот и екстремизмот. Неговиот говор беше прочитан од страна на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на самит во Сочи.

    Неколку африкански држави ги прекинаа врските со традиционалните западни сојузници и се свртеа кон Москва за да се одбранат од честите џихадистички напади.

    Односите на Русија со Африка се повеќе се зајакнуваат на сите оски. Нашата земја ќе продолжи да им дава целосна поддршка на нашите африкански пријатели во различни сектори: обезбедување одржлив развој, борба против тероризмот, екстремизмот и епидемии, справување со проблеми со храната и со последиците од природните катастрофи“, кажа Путин.

    За време на самитот, министерот за надворешни работи на Буркина Фасо, Карамоко Жан-Мари Траоре, кажа дека Русија е посоодветен меѓународен партнер од бившата колонијална сила Франција. Вакво мислење делат и неколку други бивши француски колонии, како Мали.

    Платеничката група „Вагнер“, која сега е преименувана во Африкански корпус и под контрола на руското министерство за одбрана, е преферирана од воените водачи, кои им наредија на Франција и Обединетите нации да си заминат од нивните земји. Руската помош, често во замена за пристап до суровини, доаѓа и со ветување дека нема да има мешање во внатрешните работи на една земја или лекции како да се одржат избори. Сепак, иако руските сили помогнаа во заштитата на воените хунти во Буркина Фасо, Мали и Нигер, немаше напредок во борбата против исламистичките милитанти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира