РУСИЈА ИСПРАТИ ОСТАНКИ НА СРЕДНОВЕКОВЕН КНЕЗ ВО УКРАИНА ЗА ДА ГО ПОДИГНЕ МОРАЛОТ НА ВОЈСКАТА

    РУСИЈА ИСПРАТИ ОСТАНКИ НА СРЕДНОВЕКОВЕН КНЕЗ ВО УКРАИНА ЗА ДА ГО ПОДИГНЕ МОРАЛОТ НА ВОЈСКАТАРуската православна црква соопшти дека испратила фрагмент од десната рака на Дмитри Донској во Доњецк (Фото: Телеграм)

    Коскени фрагменти од раката на средновековен руски кнез кој извојувал позната победа над Монголците се испратени на фронтот во Украина за да се подигне моралот на армијата.

    Саркофагот на великиот кнез Дмитри Донској, кој починал во 1389 година и е почитуван од руските националисти за победата над Монголците во Битката кај Куликово во 1380 година, беше откриен ова лето за време на реставраторски работи во московскиот Архангелски храм. Путин лично ги прегледа, според експертите, добро сочуваните останки на Донској во август, нарекувајќи ги „апсолутно уникатно и прекрасно откритие кое ги зацврсти темелите на руската историја.

    Руската православна црква, која го поддржа Путин во војната со Украина, соопшти дека испратила фрагмент од десната рака на Донској во Доњецк, еден од четирите украински региони што Путин ги анектираше во 2022. Украина и натаму контролира делови од регионот.

    Нарекувајќи го Донској „светиот командант“, Московската патријаршија на Руската православна црква соопшти дека дел од неговите останки се испратени на фронтот за да стојат невидливо рамо до рамо со руските трупи.

    Фрагмент од десната рака на големиот кнез, истата рака со која го држел мечот на Куликово Поле, е испратен на фронтот за да го зајакне духот на војниците“, се вели во соопштението.

    Реликвијата, која се чува во мал украсен ковчег под калено стакло, ќе им биде прикажана на руските борбени единици долж фронтот долг повеќе од 1.000 километри, се вели во соопштението.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира