РУСИЈА ИСПУКАЛА 83 ПРОЕКТИЛИ НА УКРАИНА, ПОГОДЕНИ 11 ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ ВО ОСУМ РЕГИОНИ

    РУСИЈА ИСПУКАЛА 83 ПРОЕКТИЛИ НА УКРАИНА, ПОГОДЕНИ 11 ИНФРАСТРУКТУРНИ ОБЈЕКТИ ВО ОСУМ РЕГИОНИМеѓу цивилните цели погодени во Киев е и популарен пешачки мост отворен во 2018 (Фото: Гети)

    Украинскиот премиер Денис Шмихал изјави дека во денешните руски ракетни напади се оштетени 11 инфраструктурни објекти во осум региони.

    „До 10 часот погодени се 11 важни инфраструктурни објекти. Некои области се отсечени. Граѓаните треба да бидат подготвени за привремени прекини во комуникациите и во снабдувањето со вода и струја“, кажа Шмихал.

    Покрај тоа, снимките од Киев покажуваат дека руски ракети погодиле и популарен пешачки мост, детско игралиште и прометна раскрсница во центарот на градот. Досега е потврдено дека загинале осуммина цивили, а 24 се повредени.

    „Во руските напади е погодена енергетска инфраструктура во Киев, Лавов, Днепар, Виница, Запорожје, Харкив и во други региони. Тие сакаат паника и хаос, сакаат да го уништат нашиот енергетски систем. Втората цел им се луѓето. Времето на нападите е посебно избрано за да се предизвика што е можно поголема штета“, изјави претседателот Зеленски.

    Украинската војска објави дека Русија испукала 83 проектили во овој бран напади, од кои 43 биле пресретнати. Тие биле лансирани од Црно и Касписко Море. Молдавија се пожали дека дел од ракетите поминале низ нејзиниот воздушен простор.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира