РУСИЈА ЈА НАПАДНА ОДЕСА СО БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛИ, НАЈМАЛКУ ОСУММИНА МРТВИ

    РУСИЈА ЈА НАПАДНА ОДЕСА СО БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛИ, НАЈМАЛКУ ОСУММИНА МРТВИОдеса е без струја од вчерашниот голем руски напад врз енергетскиот систем на Украина

    Русија изведе напад со балистички проектили врз Одеса, при што загинаа најмалку осуммина луѓе. Регионалниот шеф Олег Кипер кажа дека има и 39 ранети, вклучувајќи четири деца.

    Тројца од повредените се во критична состојба“, додаде Кипер.

    Претседателот Володимир Зеленски кажа дека во нападот биле погодени паркинг, станбена зграда, универзитет и административна зграда.

    Русија и со овој напад покажа за што е навистина заинтересирана: само војна и тоа треба да го знае целиот свет“, кажа Зеленски, додавајќи дека се утврдуваат точниот број жртви и обемот на штетата.

    Одеса е без струја од вчерашниот голем руски напад врз енергетскиот систем на Украина.

    Русија ноќеска го ракетираше и градот Суми, при што имаше најмалку 11 мртви и 89 ранети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира