РУСИЈА ЈА ОБВИНИ АМЕРИКА ДЕКА Ѝ СЕ МЕША ВО ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ

    РУСИЈА ЈА ОБВИНИ АМЕРИКА ДЕКА Ѝ СЕ МЕША ВО ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИПортпаролката на руското МНР Марија Захарова. (Фото: Твитер)

    Русија ги обвини САД дека ѝ се мешаат во парламентарните избори кои ќе се одржат следната недела.

    Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави за државното радио дека апликацијата „Смарт воут“ на критичарот на Кремљ Алексеј Навални е поврзана со Пентагон.

    Поддржувачите на Навални, кој е во затвор, ја користат апликацијата да ги повикаат Русите да гласаат против владејачката партија Обединета Русија на изборите кои ќе се одржат од 17 до 19 септември.

    Интернет страницата на апликацијата е блокирана во Русија изминатите неколку дена, а руските власти им забранија на интернет пребарувачите Гугл и Јандекс да го покажуваат името на апликацијата во резултатите од пребарувањата.

    Захарова рече и дека рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Ријабков разговарал со американскиот амбасадор во Москва Џон Саливен и му кажал дека Русија има неспорни докази дека американските интернет гиганти го прекршиле законот во врска со претстојните избори за руската Дума. Засега нема реакција од САД за овие обвинувања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира