РУСИЈА ЈА ОБВИНИ УКРАИНА ЗА НАПАД ВРЗ НУКЛЕАРНАТА ЦЕНТРАЛА ВО КУРСК

    РУСИЈА ЈА ОБВИНИ УКРАИНА ЗА НАПАД ВРЗ НУКЛЕАРНАТА ЦЕНТРАЛА ВО КУРСКДенеска Украина го слави својот ден на независноста, што го одбележува прогласувањето на независноста на земјата од Советскиот Сојуз во 1991 година. (Фото: ЕПА)

    Русија ги обвини украинските напади со беспилотни летала за пожарот во нуклеарна централа во нејзиниот западен регион Курск, и рече дека неколку руски енергетски објекти биле цел на напад во текот на ноќта. Нема повредени, а пожарот бил брзо изгаснат, соопшти прес-службата на централата на апликацијата Телеграм. и додаде дека нападот оштетил трансформатор, но нивото на зрачење било во нормалниот опсег.

    Украинските напади врз нуклеарната централа Курск создаваат закана за нуклеарната безбедност, изјави денеска регионалниот гувернер Александар Хинштејн. „Тие се закана за нуклеарната безбедност и кршење на сите меѓународни конвенции“, напиша Хинштејн на Телеграм.

    Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на Обединетите нации постојано ги повикува и Русија и Украина да покажат максимална воздржаност околу нуклеарните објекти во војната.

    Пожарникари интервенораа и во пожарот во пристаништето Уст-Луга во рускиот Ленинградски Регион, каде што се наоѓа голем терминал за извоз на гориво. Регионалниот гувернер рекол дека околу 10 украински беспилотни летала биле соборени, а остатоците го предизвикале пожарот.

    Украина не ги коментираше руските обвинувања. Денеска Украина го слави својот ден на независноста, што го одбележува прогласувањето на независноста на земјата од Советскиот Сојуз во 1991 година.

    Канадскиот премиер Марк Карни денеска пристигна во Киев за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по што се очекува заедничка прес-конференција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира