Русија ги обвини украинските специјални служби за убиство на Дарја Дугина, ќерката на еден од блиските сојузници на Владимир Путин. Новинарката Дугина, (29) загина во саботата, кога автомобилoт што го возела експлодира во близина на Москва. Нејзиниот татко, Александар Дугин, истакнат ултранационалистички идеолог кого некои на Запад го опишаа како „мозокот на Путин“, можеби бил целта.
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), највисоката руска контраразузнавачка агенција, денеска соопшти дека го решила случајот и дека Украина е директно одговорна оти убиството е „подготвено и извршено од украинските специјални служби“.
Украинските власти веќе негираа каква било вмешаност во експлозијата.
Но, во изјавата пренесена од руските медиуми, ФСБ тврди дека украинските специјални служби ангажирале платеничка, Наталија Вовк, која пристигнала во Русија во средината на јули со нејзината мала ќерка. Вовк и нејзината ќерка биле на националистички фестивал, на кој Александар Дугин и неговата ќерка присуствувале непосредно пред убиството. Се тврди Вовк дека изнајмила стан во истата зграда како Дугина за да дознае за нејзиниот живот. ФСБ соопшти и дека осомничените користеле автомобил „мини купер“ кој користел три различни регистарски таблички.
Платеничката избегала во Естонија по експлозијата, соопшти ФСБ.