РУСИЈА ЈА УКИНА КОМИСИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ КОЈА ГИ НАДГЛЕДУВАШЕ САНКЦИИТЕ ЗА СЕВЕРНА КОРЕЈА

    РУСИЈА ЈА УКИНА КОМИСИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ КОЈА ГИ НАДГЛЕДУВАШЕ САНКЦИИТЕ ЗА СЕВЕРНА КОРЕЈАРусија се обвинува дека ги прекршила санкциите со купување на севернокорејско оружје (Фото: Гети)

    Русија ја укина експертската комисија на Обединетите нации која со години го надгледуваше спроведувањето санкции против Северна Кореја. Оваа комисија минатата недела кажа дека ги истражува извештаите дека Русија ги прекршила правилата со купување на севернокорејско оружје за војната во Украина.

    Советот за безбедност на ОН воведе серија санкции против Северна Кореја од 2006 поради нејзиата програма за нуклеарно оружје. Овие санкции и натаму се на сила, но експертската група која го набљудуваше нивното кршење сега ќе биде распуштена. Ова следува откако на последната седница на Советот за безбедност Русија го искористи своето право на вето како постојана членка и го блокираше обновувањето на групата, додека Кина беше воздржана.

    Ова е првпат Русија да ја блокира оваа комисија откако беше формирана пред 14 години. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека ова е потврда дека Русија го користи севернокорејското оружје во војната во Украина.

    Ова е како да сте ги уништиле надзорните камери за да не бидете фатени“, изјави јужнокорејскиот амбасадор во ОН, Хванг Јун-кук.

    Рускиот амбасадор Васили Небензија изјави дека комисијата немаше додадена вредност и дека санкциите се голем товар за севернокорејскиот народ.

    Од 2019, Русија и Кина се обидуваа да го убедат Советот да ги ублажи санкциите. Тие првпат беа воведени во 2006 откако Северна Кореја изведе нуклеарен тест и во меѓувреме беа усвоени уште десет резолуции со кои санкциите беа засилени, како што Пјонгјанг продолжуваше со своите нуклеарни активности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира