РУСИЈА ЛАНСИРАШЕ НОВИ РАКЕТНИ НАПАДИ НА ЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТИ ВО УКРАИНА, ВО КИЕВ ТРИ ЕКСПЛОЗИИ

    РУСИЈА ЛАНСИРАШЕ НОВИ РАКЕТНИ НАПАДИ НА ЕНЕРГЕТСКИ ОБЈЕКТИ ВО УКРАИНА, ВО КИЕВ ТРИ ЕКСПЛОЗИИНовите удари следуваат 24 часа по нападите со камиказе дронови, во кои загинаа осум цивили во Киев и Суми (Фото: АП)

    Русија утрово лансираше нови ракетни напади на украински енергетски објекти, при што три експлозии се регистрирани во северниот дел на Киев. Две постројки се сериозно оштетени во Днепар, а ракетирања имало и во Харкив, Миколаив, Житомир и Запорожје.

    Овие удари следуваат 24 часа по нападите со камиказе дронови, во кои загинаа осум цивили во Киев и во северниот град Суми и беше погодена клучна инфраструктура. Украинските власти ги идентификуваа дроновите како „шахед-136“, што Русија наводно ги добила од Иран.

    Руските окупатори продолжуваат да го прават она што најдобро го знаат: да тероризираат и убиваат цивили“, изјави украинскиот претседател Зеленски.

    САД, Франција и Велика Британија кажаа дека извозот на иранските дронови е прекршување на резолуции на Обединетите нации и Вашингтон соопшти дека нема да се двоуми да воведе нови санкции за Иран, кој постојано демантира дека воено ја помага Русија.

    Европската Унија објави дека собира докази за овие обвинувања и дека е подготвена да реагира.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира