РУСИЈА ЛАНСИРАШЕ ВТОР ГОЛЕМ РАКЕТЕН НАПАД ВО УКРАИНА ЗА ТРИ ДЕНА

    РУСИЈА ЛАНСИРАШЕ ВТОР ГОЛЕМ РАКЕТЕН НАПАД ВО УКРАИНА ЗА ТРИ ДЕНАЕдна од главните цели на денешниот напад беше градот Павлохрад, во регионот Днипропетровск, каде што бе оштетени 19 станбени згради, 25 приватни куќи, шест училишта и градинки. (Фото: Твитер)

    Русија лансираше серија ракетни и артилериски напади на Украина во втор ваков голем напад пред зори за три дена. Едно лице загина во регионот Херсон, а во Днипропетровск беа повредени 25 лица, вклучувајќи три деца.

    Украинската армија соопшти дека пресретнала 15 од 18-те ракети. Една од главните цели на денешниот напад беше градот Павлохрад, во регионот Днипропетровск, каде што бе оштетени 19 станбени згради, 25 приватни куќи, шест училишта и градинки. Павлохрад се наоѓа на 110 километри од фронтот во источна Украина.

    Во Бахмут, каде што се водат најтешките борби, Украина вели дека нејзината армија ги истерала Русите од неколку позиции во градот. Генералот Олександр Сирски, командантот на копнените сили, кажа дека ситуацијата останува тешка, но непријателот не може да го заземе градот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира