РУСИЈА МОРА ДА СЕ НАТЕРА НА МИР, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ЗА УКРАИНСКАТА ОФАНЗИВА ВО КУРСК

    РУСИЈА МОРА ДА СЕ НАТЕРА НА МИР, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ЗА УКРАИНСКАТА ОФАНЗИВА ВО КУРСКПовеќе од 120.000 луѓе се евакуирани откако украинските трупи упаднаа во Русија (Фото: АП)

    Володимир Зеленски изјави дека Украина се обидува да ја натера Русија на мир зашто Владимир Путин сака да продолжи со војната. Изненадувачката украинска офанзива во рускиот регион Курск влезе во втората недела и шефот на војската Олександр Сирски кажа дека украинските сили контролираат 1.000 квадратни километри руска територија.

    „Војната се врати во Русија откако Путин ја донесе во други земји. Русија мора да се натера на мир ако Путин толку многу сака да војува. Украина отсекогаш само сакала мир и ќе го обезбедиме“, порача Зеленски.

    Украинската војска минатиот вторник ја премина границата 530 километри југозападно од Москва и оттогаш зазеде 28 села и навлезе 12 километри на руската територија, потврди вчера гувернерот на Курск, Алексеј Смирнов.

    Руските воени блогери велат дека се водат тешки борби во Курск, при што Русија испраќа засилувања во вид на војници и артилерија. Судбината на градот Суџа е непозната, низ кој Русија транспортира гас во Европска Унија преку Украина. „Газпром“ вчера објави дека гасот и натаму тече.

    Иако украинската војска се мачи на другите делови на фронтот, особено на истокот на земјата, Зеленски го правда упадот во Курск како прашање на украинската безбедност. Украина денеска го ограничи движењето во регионот Суми близу границата со Курск.

    Владимир Путин вчера вети дека руската војска ќе го истера непријателот од Русија и дека Украина ќе добие одговор каков што заслужува.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира