РУСИЈА НАСКОРО НЕМА ДА МОЖЕ ДА СИ ГО ИСПЛАЌА НАДВОРЕШНИОТ ДОЛГ

    РУСИЈА НАСКОРО НЕМА ДА МОЖЕ ДА СИ ГО ИСПЛАЌА НАДВОРЕШНИОТ ДОЛГПоловината од надворешните резерви на земјата, околу 315 милијарди долари, се замрзнати со западните санкции наметнати поради инвазијата на Украина. (Фото: АП)

    Русија даде најјасен сигнал досега дека наскоро нема да може да си го исплати надворешниот долг – не ќе може да ги исполни обврските кон надворешниот долг за првпат од Болшевичката револуција пред еден век.

    Половината од надворешните резерви на земјата, околу 315 милијарди долари, се замрзнати со западните санкции наметнати поради инвазијата на Украина, кажа вчера рускиот министер за финансии Антон Силунов. Како резултат на тоа, Москва ќе ги исплаќа во рубљи кредиторите од „земјите кои се непријателски“ сè додека санкциите не се укинат, рече тој.

    Агенциите за кредитен рејтинг најверојатно ќе сметаат дека Русија не е во можност да си го плаќа долгот ако Москва пропушти исплата на ратите или ако го отплаќа долгот издаден во долари или евра во други валути како рубља или кинески јуан. Неплаќањето на долгот ќе ги избрка од Русија и оние малку странски инвеститори што останаа и уште повеќе ќе го изолира стопанството кое почна да пропаѓа.

    Неисполнувањето на обврските може да се случи веќе в среда, кога Москва треба да исплати 11 милиони долари во камати за владините обврзници издадени во долари, според Џеј-Пи-Морган Чејс. Иако Русија издаде обврзници кои може да се исплатат во повеќе валути од 2018, овие исплати мора да се извршат во долари.

    Директорката на Мeѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева, вчера кажа дека руското неисполнување на обврските веќе не е неверојатно.

    „Русија има пари за да го сервисира долгот, но нема пристап до нив“, рече Георгиева.

    Георгиева рече дека засега не е веројатно дека ќе се развие финансиска криза, и кажа дека изложеноста на западните банки не е системски релевантна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира