РУСИЈА ОБЈАВИ ДЕКА ПОЧНАЛА СО ПРОИЗВОДСТВОТО НА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19

    РУСИЈА ОБЈАВИ ДЕКА ПОЧНАЛА СО ПРОИЗВОДСТВОТО НА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19Вакцината „спутник В“ е развиена од московскиот институт Гамалеја (Фото: ЕПА)

    Русија почнала со производството на својата нова вакцина против ковид-19, објави министерството за здравство, додавајќи дека таа ќе се најде на пазарот на крајот на месецот.

    Вакцината „спутник В“, именувана според првиот сателит на светот, е развиена од московскиот истражувачки институт Гамалеја, но експертите изразија загриженост за нејзината безбедност. Во една независна анкета, повеќе од половина руски здравствени работници рекле дека не се подготвени да се вакцинираат зашто не веруваат во неа.

    Претседателот Владимир Путин во вторникот изјави дека руските здравствени власти дале одобрување за првата вакцина против коронавирусот на светот, додавајќи дека една од неговите ќерки веќе ја примила. Клиничките тестирања на вакцината биле комплетирани за помалку од две недели и научниците сметаат дека тоа не е доволно за таа да се прогласи за безбедна и ефективна.

    „Не знаеме многу за оваа вакцина, но се надеваме дека делува“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира