РУСИЈА ОСЛОБОДИ БАЛЕРИНА ВО РАЗМЕНА НА ЗАТВОРЕНИЦИ СО САД

    РУСИЈА ОСЛОБОДИ БАЛЕРИНА ВО РАЗМЕНА НА ЗАТВОРЕНИЦИ СО САДКсенија Карелина доби 12 години затвор зашто донирала пари за американска хуманитарна организација која обезбедувала помош за Украина (Фото: АП)

    Руско-американска балерина Ксенија Карелина е ослободена во размена на затвореници помеѓу САД и Русија. Карелина, која живееше во Лос Анџелес, беше уапсена во Екатеринбург во почетокот на 2024 и оттогаш беше во затвор.

    Таа доби 12 години затвор откако беше осудена за предавство зашто донирала пари за американска хуманитарна организација која обезбедувала помош за Украина.

    Во замена за неа, САД го ослободија Виктор Петров, германско-руски државјанин кој бил уапсен во Кипар во 2023. Тој бил обвинет за илегален извоз на микроелектроника во Русија за потребите на фирми кои соработуваат со руската војска. Размената се случи денеска во Абу Даби.

    „Карелина е во авион на пат за САД. Таа беше неправилно притворена во Русија повеќе од една година. Претседателот Трамп го обезбеди нејзиното ослободување“, изјави државниот секретар на САД, Марко Рубио.

    Карелина била уапсена во Екатеринбург кога била во посета на семејството. Истражителите во нејзиниот телефон пронашле доказ дека уплатила 51,80 долари за хуманитарната организација „Разом“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира