РУСИЈА ПЛАНИРА ДА ОРГАНИЗИРА ИЗБОРИ НА ОКУПИРАНИТЕ ТЕРИТОРИИ ВО УКРАИНА ВО СЕПТЕМВРИ

    РУСИЈА ПЛАНИРА ДА ОРГАНИЗИРА ИЗБОРИ НА ОКУПИРАНИТЕ ТЕРИТОРИИ ВО УКРАИНА ВО СЕПТЕМВРИВоените експерти предвидуваат дека решавачките битки допрва претстојат (Фото: АП)

    Русија објави дека планира да организира избори на окупираните територии на Украина за само три месеци, обидувајќи се да прикаже дека ситуацијата е нормална и стабилна среде украинската противофанзива.

    Претседателката на руската државна изборна комисија Ела Памфилова изјави дека министерството за одбрана и Федералната безбедносна служба се согласиле дека би било можно да се организираат избори во септември.

    Украинскиот напад е во својата рана фаза и воените експерти предвидуваат дека решавачките битки допрва претстојат. Се верува дека Украина подготвила 12 нови бригади, секоја со по илјадници војници, од кои повеќето се опремени со модерни оружја добиени од западот. Само дел од овие трупи засега е вклучен во офанзивата, која се одвива на неколку фронта.

    Москва досега нема признато дека изгубила територија и тврди дека непријателот трпи огромни загуби. Украина вели дека ослободила седум населени места и територија од 100 квадратни километри.

    Русија минатата година незаконски анектираше четири украински региони, иако тие не се под нејзина целосна контрола, вклучувајќи два главни града, Херсон и Запорожје. Киев кажа дека какви било избори на украинска територија ќе се сметаат за незаконски и невалидни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира