Русија објави дека спроведува воени вежби на острови за кои што води спор со Јапонија, неколку дена откако се повлече од мировните преговори, како одговор на санкциите што Токио ги воведе за Москва поради инвазијата на Украина.
Четирите острови, што Русија ги нарекува Јужни Курили, а за Јапонија се Северни Територии, се предмет на повеќе од 70 години долгиот спор помеѓу двете земји. Поради тоа, Русија и Јапонија сè уште немаат потпишано мировен договор за крај на Втората светска војна.
Во почетокот на оваа недела, Русија се повлече од разговорите со Токио поради неговиот цврст став за инвазијата на Украина.
Русија кажа дека во вежбите учествуваат 3.000 војници и стотици воени возила. Јапонските медиуми објавија дека вежбите се одржуваат на територија што Советски Сојуз ја зазеде на крајот на Втората светска војна.