РУСИЈА ПРАВИ НОВ ОБИД ЗА РЕГРУТИРАЊЕ СРБИ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, ПЛАНИРА ДА ФОРМИРА БАТАЛЈОН СО 1.000 СРПСКИ БОРЦИ

    РУСИЈА ПРАВИ НОВ ОБИД ЗА РЕГРУТИРАЊЕ СРБИ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, ПЛАНИРА ДА ФОРМИРА БАТАЛЈОН СО 1.000 СРПСКИ БОРЦИОд почетокот на војната, Русија усвои низа закони за привлекување странци во војската (Фото: АП)

    На крајот на септември, Бранко се качил во авион од Белград за Москва. По неколку дена во градот, заедно со уште тројца српски државјани бил превезен до центар за воена регрутација во Красногорск близу Москва, каде што потпишале договор со руската војска.

    Сѐ се одвиваше многу брзо. За еден ден станав руски војник. Сега чекам да ме испратат во Украина“, вели Бранко во размена на пораки преку Телеграм со новинар на „Гардијан“.

    Бранко е дел од последниот обид на Москва да регрутира Срби за војната во Украина, додека Кремљ се обидува да ги поплни редовите на својата војска. Од податоците добиени од двајца српски борци кои патувале во Русија, како и од протечена листа на регрутирани Срби, весникот „Гардијан“ откри дека Русија планира да регрутира стотици српски граѓани во својата армија.

    Од почетокот на војната, Русија усвои низа закони за привлекување странци во војската. Така Владимир Путин потпиша закон со кој минималната должина на воената служба за странци се намалува од пет на една година и беше овозможено забрзано регрутирање странски борци.

    Лидер на шемата за регрутирање Срби е Давор Савичиќ, кој се борел во источна Украина во 2014 и се поврзува со паравоената група „Вагнер“, во чии редови се борел во Сирија, објави сајтот „Фонтанка“. Во интервјуто со рускиот ТВ-водител Владимир Соловјов, Савичиќ отворено раскажа како бил назначен да состави единица на српски државјани за борба во Украина.

    Сега официјално потпишуваме договор со руското министерство за одбрана. Војниците одат во канцеларијата за регистрација во Красногорск, а по дополнителниот тренинг, се испраќаат во правец на Луганск“, кажа Савичиќ.

    Дејан Бериќ му откри на Соловјов дека српските борци се дел од 106. воздушна дивизија.

    Најголемиот дел од странските доброволци во руската војска сега е од Србија“, кажа Бериќ.

    Рускиот сервис на Би-Би-Си дојде во посед на снимка на разговор помеѓу Савичиќ со неименуван руски функционер, на која тој вели дека планира да формира баталјон со 1.000 српски борци.

    Антивоената група „Орден Республики“ објави листа со 13 српски борци кои се пријавиле во руската војска од септември, меѓу кои е и Бранко.

    Досега нѐ има околу 60-70“, вели тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира