РУСИЈА ПРИЈАВИ РЕКОРДНИ 808 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА 24 ЧАСА

    РУСИЈА ПРИЈАВИ РЕКОРДНИ 808 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 ЗА 24 ЧАСАВластите ги поврзуваат високите бројки со делта сојот и ниската стапка на вакцинирање (Фото: АФП)

    Над 800 лица починале од ковид-19 во Русија во изминатите 24 часа. Откако вчера имаше 799 мртви, уште 808 Руси ја изгубиле битката со ковид-19, што претставува нов рекорд за земјата од почетокот на пандемијата.

    Бројот на новозаразени постепено паѓа откако беше достигнат врвот на крајот на јули. Денеска има 21.932 нови случаи на коронавирус, од кои 2.294 се во Москва.

    Властите ги поврзуваат високите бројки со попреносливиот делта сој и ниската стапка на вакцинирање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира