РУСИЈА ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ ВО КИЕВ, ХАРКИВ, МАРИУПОЛ И СУМИ ЗАРАДИ ЕВАКУАЦИЈА НА ЦИВИЛИ

    РУСИЈА ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ ВО КИЕВ, ХАРКИВ, МАРИУПОЛ И СУМИ ЗАРАДИ ЕВАКУАЦИЈА НА ЦИВИЛИВчерашното заминување на цивилите од Ирпин беше проследено со гранатирања, при што загинаа неколку луѓе (Фото: АП)

    Русија прогласи примирје и кажа дека ќе отвори хуманитарни коридори за извлекување цивили од повеќе украински градови, објавија државните медиуми.

    Прекинот на огнот ќе почне во 8 часот по македонско време, при што ќе се постават евакуациски маршрути од Киев, Харкив, Мариупол и Суми, околу кои се одвиваат значајни руски воени операции. Москва не објави колку ќе трае примирјето, но додаде дека коридорите се отвораат на барање на францускиот претседател Емануел Макрон, кој вчера телефонски разговараше со Владимир Путин.

    Руското министерство за одбрана кажа дека цивилите ќе може да заминат во Русија и Белорусија и дека примирјето ќе се надгледува со дронови.

    Изминатиот викенд имаше два обида за примирје и за евакуација на цивилното население од Мариупол и Волноваха, но пропаднаа за кратко време, за што двете страни меѓусебно се обнинуваа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира