РУСИЈА РАСПОЛАГА СО 25 МИЛИОНИ РЕЗЕРВИСТИ, ПУТИН ВЕТИ ДЕКА СТУДЕНТИ И РЕГРУТИ НЕМА ДА СЕ ПРАЌААТ ВО БОРБА

    РУСИЈА РАСПОЛАГА СО 25 МИЛИОНИ РЕЗЕРВИСТИ, ПУТИН ВЕТИ ДЕКА СТУДЕНТИ И РЕГРУТИ НЕМА ДА СЕ ПРАЌААТ ВО БОРБАРусија ја нареди првата воена мобилизација од Втората светска војна (Фото: Гети)

    Владимир Путин денеска нареди делумна мобилизација во Русија за да ги засили трупите во Украина по серија воени неуспеси овој месец. Се обрати само ден откако проруските лидери на четири региони во источна и јужна Украина најавија референдуми за припојување кон Русија, што тој ги поддржа.

    Москва кажа дека планира да повика до 300.000 резервисти, кои, како што беше нагласено, имаат армиски тренинг и посебни вештини за војната во Украина. Тоа вклучува и многумина веќе пензионирани резервни офицери, од кои некои имаат и над 60 години.

    Во теорија, Русија може да мобилизира 25 милиони луѓе за воената служба, но тоа засега не било во план. И Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу кажаа дека студенти и регрути нема да бидат испратени во борба на фронтот долг околу 1.000 километри.

    Путин претходно призна дека Русија се подготвува за долга војна и мобилизацијата ќе се одвива со месеци. Руската влада кажа дека многу скоро ќе објави кој ќе биде ослободен од неа.

    Ова е прва воена мобилизација во Русија од Втората светска војна, иако Кремљ испрати илјадници слабо обучени регрути во Авганистан и Чеченија, што резултираше со бројни жртви.

    Русија ја почна инвазијата во февруари со 190.000 војници, засилени со илјадници проруски борци од регионот Донбас и искусни чеченски борци. Кремљ исто така покрена голема кампања за регрутирање особено во сиромашните региони на земјата, нудејќи големи финансиски стимулации.

    Русија ја ограничува својата војска на над еден милион воен и речиси 900.000 цивилен персонал. Пред инвазијата, украинската војска беше далеку помала, со 196.600 активни војници, но Киев веднаш нареди општа мобилизација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира