РУСИЈА СООПШТИ ДЕКА ЈА ПРИЗНАВА НЕЗАВИСНОСТА И НА ТЕРИТОРИИ ШТО СЕ ПОД КОНТРОЛА НА УКРАИНА

    РУСИЈА СООПШТИ ДЕКА ЈА ПРИЗНАВА НЕЗАВИСНОСТА И НА ТЕРИТОРИИ ШТО СЕ ПОД КОНТРОЛА НА УКРАИНАПутин вчера го потпиша признавањето на независноста на народните републики Доњецк и Луганск (Фото: АП)

    Русија соопшти дека признавањето на независноста на областите во источна Украина се однесува и на територии кои моментално ги држат украинските владини сили. Како што кажа портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, Русија ја признава независноста на Доњецк и Луганск во границите кои постоеле кога тие ја прогласиле својата независност во 2014.

    Украинските сили подоцна повратиле големи делови од двете области за време на речиси осумгодишниот воен конфликт, во кој загинале 14.000 луѓе. Ова го вклучува и црноморскиот пристаништен град Мариупол.

    Објавата од Кремљ следува ден откако Путин ја призна независноста на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, без да нагласи кои се нивните граници. Западот најави санкции за Русија и стравува дека целосна руска инвазија на Украина сега е неизбежна.

    Путин вчера нареди руски вооружени сили да влезат во двата региона во улога на миротворци. Москва досега не потврди дали почнало распоредувањето, но членот на градскиот совет на Доњецк, Владислав Бриг, изјави дека руските трупи веќе почнале да доаѓаат.

    „Кремљ ја призна својата агресија врз Украина“, изјави украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников, додека претседателот Зеленски најави дека Украина би можела да ги прекине дипломатските односи со Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира