РУСИЈА СТАНА ПРВАТА ДРЖАВА КОЈА ЈА ПРИЗНА ТАЛИБАНСКАТА ВЛАСТ ВО АВГАНИСТАН

    РУСИЈА СТАНА ПРВАТА ДРЖАВА КОЈА ЈА ПРИЗНА ТАЛИБАНСКАТА ВЛАСТ ВО АВГАНИСТАНРускиот амбасадор во Кабул, Дмитри Жирнов, ја предаде одлуката на Кремљ за признавање на Исламскиот Емират на Авганистан (Фото: АФП)

    Русија стана првата држава која формално ја призна талибанската власт во Авганистан, што министерот за надворешни работи Амир Кан Мутаки го опиша како храбар потег. Тој се сретна со рускиот амбасадор во Кабул, Дмитри Жирнов, кој му ја предаде одлуката на Кремљ за признавање на Исламскиот Емират на Авганистан,

    Ова е нова фаза на позитивни односи, меѓусебно почитување и конструктивен ангажман. Промената ќе послужи како пример за другите земји“, рече Мутаки.

    Талибанците бараат меѓународно признавање и инвестиции откако се вратија на власт во август 2021, и покрај зголеменото кршење на човекови права.

    Русија виде потенцијал за комерцијална и економска соработка во енергијата, транспортот, земјоделството и инфраструктурата и кажа дека ќе продолжи да му помага на Авганистан во борбата против терористички закани и трговија со дрога“, додаде Мутаки.

    Русија е една од малкуте држави кои не ја затворија својата амбасада во Кабул во 2021 и беше прва која потпиша меѓународен економски договор со талибанците во 2022. Русија ги тргна талибанците од листата на терористички организации во април годинава.

    Двете земји имаат сложена историја, откако Советски Сојуз го нападна Авганистан во 1979 и постави влада поддржана од Москва, по што водеа деветгодишна војна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира