Русија тестираше нова крстосувачка ракета со нуклеарен погон, наречена „буревесник“, му рече главниот рускиот генерал на претседателот Владимир Путин, во изјава објавена денеска. Ракетата патувала 14.000 км и била во воздух околу 15 часа, му рече на Путин генералот Валериј Герасимов, началник на Генералштабот на руските вооружени сили.
Путин рече дека „9M730 буревесник“ – наречен од НАТО „SSC-X-9 скајфол“ – е „непобедлив“ за сегашните и идните ракетни одбрани, со речиси неограничен дострел и непредвидлива патека на лет.
Во своите изјави денеска, Путин, облечен во камуфлажна униформа, му рече на Герасимов дека клучните тестови на „буревесник“ сега се завршени и дека треба да започне работата во последната фаза пред распоредувањето на ракетите.
„Буревесник“, дел од руската програма за напредно оружје, се најде во насловните страници во 2019 година по неуспешниот тест што доведе до смртоносна мисија за спасување на Арктикот.



