РУСИЈА ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАЛА 7,7 МИЛИОНИ ЛУЃЕ, ИАКО УШТЕ ВО АВГУСТ ЈА ОДОБРИ ПРВАТА КОВИД ВАКЦИНА

    РУСИЈА ЦЕЛОСНО ВАКЦИНИРАЛА 7,7 МИЛИОНИ ЛУЃЕ, ИАКО УШТЕ ВО АВГУСТ ЈА ОДОБРИ ПРВАТА КОВИД ВАКЦИНАПутин изјави дека целта е колективен имунитет да се постигне до есен (Фото: Ројтерс)

    Русија досега вакцинирала 12,1 милион луѓе против ковид-19, објави вицепремиерката Татјана Голикова, што е околу 10% од возрасното население во земјата. Притоа, 7,7 милиони ги примиле и двете дози.

    Таа додаде дека имунизацијата се забрзува, имајќи предвид дека во почетокот на месецот имало само осум милиони вакцинирани. Русија беше прва земја на светот која одобри вакцина против ковид-19, уште во август, но имунизацијата се одвива бавно, што се должи и на големата недоверба од јавноста. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, дури им вети ваучери од 1.000 рубли (13 долари) на лицата над 60 години кои ќе се вакцинираат.

    Меѓу оние кои се вакцинираа е и претседателот Владимир Путин, но Кремљ не објави која од одобрените три домашни вакцини ја примил. Путин изјави дека целта е колективен имунитет да се постигне до есен.

    Русија регистрираше 8.053 нови случаи на зараза во изминатите 24 часа, од кои над 2.000 се во Москва. Вкупната бројка заразени од почетокот на епидемијата изнесува 4,77 милиони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира